Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Пер инжинеринг“ реализира проект за изградба на потпорен ѕид на крак од ул.„Методи Џунов-Џико“. Се работи за дооформување на постоен потпорен ѕид, со што ќе се обезбеди целосна стабилизација на земјиштето. Неговата изградба ќе овозможи спречување на евентуално лизгалиште, со што ќе ја заштити сообраќајницата како и околните куќи од евентуално оштетување, Проектот се реализира на барање на граѓаните од тој дел на Кавадарци.