Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6212
    [QUERY_STRING] => id=6212
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 34793
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.224.60.132
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735357029.6512
    [REQUEST_TIME] => 1735357029
)
40 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ДЕМИР КАПИЈА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 27.02.2021 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 40 седница на која беа разгледани и усвоени 13 точки од дневниот ред.Седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Завршната сметка на Буџетот на Општина Демир Капија за 2020 година која се состои од планирани приходи од 122.006.600 денари. Реализирани се 73.379.205 денари или вкупна реализација 60 проценти. Кај расходите од планираните 122.003.600 денари реализирани се 72.218.457 денари.Разликата помеѓу остварените приходи и извршените расходи се пренесува како вишок на приходи од претходната година. Даночните приходи изнесуваат 8,954.167 денари. Неданочните приходи изнесуваат 1.136.985 денари. Капиталните приходи се 2.586.055 денари и трансфери и дотации 60.701.998 денари. Расходите во група 40 плати и надоместоци изнесуваат 44.403.626, група 42 стоки и услуги изнесуваат 15.753.486, група 46 субвенции и трансфери 6.565.457, група 47 социјални бенефиции 24.000, група 48 капитални расходи 4.050.862 и група 49 отплата на главница 1.421.026 денари. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Општина Демир Капија за 2020 година.Третата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за објекти надвор од плански опфат со што ќе се изврши вклопување на бесправниот објект.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука За давање на трајно користење на движни ствари-возила на ЈПК БОШАВА Демир Капија. Со оваа одлука, Општина Демир Капија му дава на трајно користење на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Демир Капија, возила со следните карактеристики: Вид: ПМВ, марка Hyundai H1 2.5 TDI и Вид: ТМВ, марка MITSUBISHI FUSO. Движните ствари од член 1 се даваат на трајно користење без надомест на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Демир Капија.За реализација на оваа одлука, се обврзува Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Демир Капија, да ги внесе возилата од член 1 од оваа одлука во евиденција на основни средства на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Демир Капија.

Петата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност на општина Демир Капија, врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа ("Службен весник на РМ" бр.5/2002) и член 14 став 1 од Уредбата за методологијата за изработка на процената на загрозеноста на безбедноста на Република Македонија од сите ризици и опасности, нејзината содржина и структура, начинот и чување и ажурирање, како и определувањето на субјектите во системот за управување со кризи на кои им се доставува целосна или извод од процената ("Службен весник на РМ" бр.13/2011).Со донесувањето на оваа одлука отпочнуваат активностите за редовно ажурирање на процената на загрозеност за општина Демир Капија, координирани од страна на надлежниот регионален центар.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше усвоен Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на Општина Демир Капија за 2022 година во кој се регулираат роковите на планирањето на општинскиот буџет.Потоа се премина на седмата точка од дневниот ред на која беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по завршна сметка на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2020 година.Осмата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по завршна сметка на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија за 2020 година.Потоа се премина на деветата точка од дневниот ред на кој беше донесен Заклучок за усвојување на Извештајот од самоевалуација на ООУ Димче А. Габерот Демир Капија за периодот 2018-2020 година предложен од Комисијата за училишна самоевалуација. По разгледувањето на десетата точка од дневниот ред беше усвоен годишниот извештај по завршната сметка (блок дотации, сметка за сопствени приходи) на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2020 година.Потоа се премина на единаесетата точка од дневниот ред на која беше донесен заклучок за усвојување на годишниот извештај за работата на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2020 година усвоен од управниот одбор на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија на седница одржана на ден 23.02.2021 година.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

П.Пашоев