Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ реализира проект за рационална потрошувачка на вода за пиење од градските чешми. Во тек е акција на надлежните за вградување на ножни вентили со кои се активира протокот на водата во јавните чешми. Со овој зафат ќе се подобри фунционирањето на чешмите, и ќе запре прекумерното и непотребни истекување и трошење на водата за пиење. Досега вакви вентили се вградени во чешмите: кај противпожарниот дом, пред „НЛБ“ банка на ул.„Илинденска“, кај парк „Полана“, пред ДТВ „Партизан“, во чешмата на ул. „Киро Крстев“ кај „ИНЕЛ“ “ и на ул. „Браќа Џунови“ пред поранешна „Таска“. Акцијата продолжува и во наредниот период кога се предвидува поставување на ножни вентили и во останатите јавни градски чешми. Во Кавадарци има поставено околу 25 чешми на јавна површина, чија вода граѓаните ја користат за пиење и освежување. извор : Кабинет на градоначалник Митко Јанчев.