ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ ОТВОРЕНА БЕШЕ ИЗЛОЖБА НАСЛОВЕНА КАКО „ЧЕМЕРСКИ ВО ЧЕСТ НА БАРДОТ НА МАКЕДОНСКОТО МОДЕРНО СЛИКАРСТВО“
Денеска се навршија 5 години од смртта на големото име на македонското сликарство, Глигор Чемерски. По тој повод во музеј галеријата на град Кавадарци беше отворена изложба која го носеше неговото презиме Чемерски. За изложбата, делата и уметноста на Чемерски говореа директорот на Музеј галеријата Весна Ѓорѓиева и кураторите на истата кустосите Трајче Цветков и Билјана Галабова.
М.В.