СООПШТЕНИЕ НА ОК НА ВМРО- ДПМНЕ КАВАДАРЦИ
„СДСМ и понатаму го празни Тиквешко езеро,катастрофата продолжува. Ова што раководството на Електрани на Македонија им го прави на жителите на Тиквешијата е крајно нечовечки и нехумано. Не само што направија еколошка катастрофа, туку на повидок е и катастрофа во земјоделието. Секојдневното испуштање на водата низ ХЕЦ Тиквеш постојано го држи нивото на акумулацијата на кота под 240 степени при што водата од езерото не е ниту до долниот праг од тунел Тисовец кој е на кота 240,2 степени водостој на Тиквешкото езеро.
Согласно водостопанската дозвола за приоритетно користење на водата од Тиквешкото езеро Електрани на Македонија потребно е на 15-04-2021 година да им обезбеди вода на Водостопанство Тиквеш пд 95 милиони м3 што е на кота од 253 степени водостој на Езерото. За една недела нивото на Тиквешкото езеро потребно е да се искачи за најмалку 13 метри но како што можеме да забележиме деновиве ЕЛЕМ не се обидуваат ниту приближно да ја обезбедат оваа количина на вода.
Доколку раководството на Електрани на Македонија не ја обезбеди оваа количина на вода за наводнување ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против сите чинители кои се вклучени во ова смислено уништување на природните ресурси и на земјоделците.„ се наведува во денешната реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кaвадарци.