Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6389
    [QUERY_STRING] => id=6389
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 62478
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.140.188.195
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735361515.4083
    [REQUEST_TIME] => 1735361515
)
41 седница на Совет на Општина Демир Капија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 12. aприл 2021 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 41 седница на која беа разгледани и усвоени 13 точки од дневниот ред.

Седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Одлуката за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2021 година од 30.12.2020 година донесена на 38 седница на советот на општина Демир Капија и се врши измена во воведот на одлуката објавена во службен весник на Република Северна Македонија. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување Одлука на Урбанистички план за село Чифлик, КО Чифлик Општина Демир Капија плански период 2014-2024 со површина од 38,6 Ха изработен од ДООЕЛ Нимаер Струга од декември 2020 година во согласност со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови.По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за кофинансирање на Проект ″Реконструкција на фудбалско игралиште во општина Демир Капија″ со која Советот на општина Демир Капија се обврзува да ги дообезбеди потребните средства за кофинансирање на предвидената реконструкција доколку се потребни повеќе средства од предвидените 4.500.000,00 денари. Општина Демир Капија до Агенцијата за млади и спорт достави барање за одобрување финансиски средства за реализација на дел од проектот Реконструкција на фудбалско игралиште во општина Демир Капија во висина од 6.000.000,оо денари. Согласно Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2021 година донесена од владата на Република Северна Македонија, од Агенцијата за млади и спорт за реализација на проектот Реконструкција на фудбалско игралиште во општина Демир Капија обезбедени се 4.500.000,оо денари.Доколку по спроведената јавна набавка од страна на Агенцијата за млади и спорт, за предвидената реконструкција се потребни повеќе средства од предвидените, општина Демир Капија се обврзува да ги дообезбеди останатите потребни средства но не повеќе од 1.500.000,оо денари.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија за 2021 година со која Висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште и неговата распределба, став 7 се менува и гласи: За фотоволтни централи висината на трошоците за уредување на градежното земјиште, е производот од површината на фотоволтните панели помножена со 100 денари.Петата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија за 2021 година со цел спречување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на заразните болести и на инфекциите. Согласно сегашнава ситуација со КОВИД 19, доколку продолжи пандемијата, општината заедно со ЈКП Бошава ќе врши превентивни дезинфекции низ улиците на населените места низ општината.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2021 година.Постапката ги вклучува следните општи мерки: Собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственик и привремено сместување во прифатилиште, Заловување на бездомни кучиња, Третман на заловување, бездомни кучиња (кастрација, здравствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во реонот каде што е земено) и контрола на популацијата на бездомни кучиња.Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за давање Согласност на Финансиски извештај по годишна сметка на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за 2020 година усвоен од управниот одбор на седницата одржана на 01.04.2021 година.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше дадена согласност на Решението за давање Согласност на Извештај за работењето на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за 2020 година усвоено од управниот одбор на претпријатието на седница одржана на 01.04.2021 година.По разгледувањето на деветата точка од дневниот ред беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај за јавна чистота во град Демир Капија за 2020 година усвоен од управниот одбор на претпријатието на седница одржана на 01.04.2021 година.Потоа се премина на десетата точка на која беше усвоен Заклучокот за прифаќање на Иницијативата за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на Статутот на Општина Демир Капија. По донесување на овој заклучок се овластува Градоначалникот на Општина Демир Капија да пристапи кон изготвување на Предлог - Статутарна одлука за изменување и дополнување на статутот на општина Демир Капија и истата да ја достави на разгледување и одлучување до Советот на општина Демир Капија.Единаесетата точка од дневниот ред исто така по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на предлог програмата за дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2021 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.16/2020), во точка 2 (Oбем и преглед на градежно земјиште што е предмет на програмата), графичкиот дел се дополнува со нови графички прилози со одбележани градежни парцели што ќе биде предмет на менаџирање и детален преглед на градежни парцели утврдени со Локална урбанистичка планска документација за градби со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија на КП бр.4451/2, 4452, 4453, 4454 и 4455, КО Демир Капија, Oпштина Демир Капија и Локална урбанистичка планска документација за градби со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија на КП бр.4494 и КП бр.4495, КО Демир Капија, Oпштина Демир Капија. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

П.Пашоев