ВО КАТАЛОГОТ СЕ СМЕСТЕНИ ОБРАБОТЕНИ 178 МОНЕТИ ОД ВКУПНО 450 СО КОИ РАСПОЛАГА МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА
Музеј галеријата Кавадарци како институција, од нејзиното формирање од 1976 година до денес континуирано го собира, обработува,заштитува и презентира музејскиот материјал од сите области на музејската дејност: археологија, историја, историја на уметност, етнологија и средновековна уметност. Тука е вклучена и нумизматиката односно монетите кои циркулирале низ вековите во Тиквешкиот регион. Нумизматичката збирка на Локалниот музеј галерија Кавадарци ја сочинуваат 450 монети а дел од нив оние обработените 178 се сместени во посебен каталог кој излезе во половината на месец декември минатата година но се промовираше дури денеска. За каталогот говореше еден од авторите Весна Ѓорѓиева директор на Музеј галеријата Кавадарци. Промотор на каталогот беше професор доктор Виктор Лилчиќ од катедрата за археологија при УКИМ а свое обраќање имаше и вториот автор Раде Атанасов - кустос археолог.
М.В.