Реакција на прес конференцијата на пратеничката на СДСМ Даниела Колева.
„Очигледно дека пратеничката Колева не е во координација со својата пратеничка група која под притисок на јавноста денес го повлече законот за учебници од собраниска процедура. ВМРО-ДПМНЕ е целосно против овој закон кој не само што не е реформски туку со него се прави долгорочна штета на учениците, наставниците и целиот образовен систем во државата. Пратеничката Колева во предизборната програма не им вети на граѓаните дека ќе поддржи ваков концепт на дигитални учебници каде преку измена на законот за учебници ќе се отпочне со заменување на печатените учебници со дигитални, напротив ветуваа европско образование прилагодено на наши услови. Со измените на содржините на учебниците којшто е исто така најавен од страна на власта и со обидот за воведување на ЛГБТ вредностите како нормални вредности кај младите се гледа дека концептот на СДСМ е да се уништат младите со целосно испревртување на системот на вредности, со прифаќање на ненормалното дека е нормално. Исто така и порачуваме на пратеничката да не ги манипулира родителите и наставниците со онлајн наставата која ја споредува со дигиталните учебници. Револтот на јавноста е многу јасен и се однесува конкретно на најавената реформа во образованието. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во наши можности овој концепт на двоецот Заев - Царовска поддржан од пратениците на СДСМ да не помине во Собранието на Република Македонија.„ се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.,