Денеска се одбележа патрониот празник на нашето училиште Димче А. Габерот.
Свежо цвеќе пред бистата на Габерот положија директорката Менче Николова, градоначалникот Лазар Петров и претставници од стручната служба на училиштето и наставници. На присутните гости им се обрати директорката Менче Николова заблагодарувајќи им се на учениците и менторите за нивното залагање на распишаните конкурси на тема "Моќта на знаењето не прави непобедливи", а на крај од свечениот дел беа доделени признанија и пригодни награди за најуспешните, како и признанието за ученикот на генерацијата Христијан Захарчев.