Во наредните денови ќе бидат дистрибуирани сто пакети со прехранбени производи до најзагрозените семејства во општина Кавадарци.
Пакетите се набавени со пари од ЕУ и се донираат на банката за храна која понатаму ќе ги дистрибуира до семејствата. Благодарност за донацијата искажа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и најави набавка на дополнителни пакети со храна за најзагрозените.
-„Ние како банка за храна и општина ќе дополниме со уште 20 пакети со храна. Тука нема да застанеме, малку да се стабилизираме и ќе го продолжиме овој проект на повисоко ниво. Во план ни е да се набави ново возило за банката за храна во Кавадарци“ рече Јанчев.
А.Д