Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6499
    [QUERY_STRING] => id=6499
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 43922
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.227.209.101
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732492636.9385
    [REQUEST_TIME] => 1732492636
)
ЕУРОНИКЕЛ-СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ: „Средината во која работи Еуроникел Индустри е чиста “


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во соопштението во интегрална форма се наведува

Во врска со информациите пласирани во јавноста на емисијата со наслов „Заговор против воздухот“, со цел точно и аргументирано информирање на граѓаните, информираме дека Еуроникел Индустри е носител на А-интегрирана еколошка дозвола. Согласно бројните обврски што произлегуваат од оваа дозвола, меѓу кои и квалитетот на воздухот, во и околу фабриката се врши 24 часовно мерење на емисиите во воздухот и квалитетот на истиот. Дополнителен мониторинг вршат и акредитирани лабаратории и сите овие податоци постојано се поднесуваат до Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање. Во изминатите три години, мерењата покажуваат дека квалитетот на воздухот е одличен.

Сите овие податоци се јавно достапни. Како компанија, за наши потреби бидејќи всушност квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, е важен за нашиот технолошки процес, вршиме интерни контроли на квалитетот на истиот, согласно ИСО 9001 стандардот за квалитет, кој е имплементиран во нашата компанија.

Покрај овие контроли, користиме и контрола од страна на акредитирани лабаратории. До сега од наша страна не се забележани неправилности. Ќе подвлечеме дека како и секое друго правно и физичко лице кое купува на домашен пазар, ние немаме законска обврска да го контролираме квалитетот или потеклото на репро материјалите: тоа е обврска на увозникот кој поседува соодветна лиценца за увоз и институциите како контролен механизам. Исто така ќе истакнеме дека ние сме производител на никел од светски калибар, која ги имплементира сите најсовремени методи за заштита на животната средина, а не компанија за третирање на отпад. За нас е исклучително важен квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, кои ги користиме во производниот процес, бидејќи колку е повисок квалитетот на енергенсите, толку е поголема ефикасноста, подобри се нормативите и повисок е квалитетот на нашиот финален производ – никелот, што е наша крајна цел, бидејќи нашиот никел се пласира на европскиот и светскиот пазар, каде наша конкуренција се производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други. На крај, имајќи предвид дека имаме личен интерес да работиме со висок квалитет на материјали, како и законска и морална должност, за што постојано презимаме бројни активности, и секако во интерес на вистината, ние стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции, како со податоци, така и со други инструменти, да помогнеме во детекција на евентуални неправилности на пазарот со мазут, но и секакви други енергенси и репро материјали кои би можеле да имаат влијание врз животната средина“ се наведува во соопштението од Еуроникел-Кавадарци.