НАЈАВЕНИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ, НОВО ВОЗИЛО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА И ОБУКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВ ПОЖАРНО ДРУШТВО
Со свечено дефиле на возилата пожарникарите од ТППЕ Кавадарци го одбележаа 20 мај денот на пожарникарите. Градоначалникот Митко Јанчев честитајки го празникот најави нови инвестиции, ново возило до крајот на годината како и старт на обуките за членовите на новоформираното доброволно против пожарно друштво.Празникот го честиташе и командирот на ТППЕ Александар Чадамов кој меѓу другото најави дека оние колеги кои заминале или заминуваат во пензија прифатиле да продолжат со активно учество како тренери и обучувачи.
М.В.