На 1 јуни-вторник во Домот на културата "Иван Мазов-Климе" во Кавадарци во 19 часот ќе се одржи концерт на "Toot quartet" во кој членуваат академските музичари Стојанче Косовски на труба по потекло од Кавадарци, пијанистката Емилија Кабранова Филипова од Неготино, Зоран Павлоски на контрабас и Филип Шурбевски на тапани.
"Toot quartet" ќе гостува и во Неготино во центарот за култура Ацо Ѓорчев на 2 јуни-среда со почеток од 19 часот,а на 3 јуни гостуваат во Струмица во центарот за култура. Концертите се насловени како"Џез вечер со Клод Болинг" и ќе ја изведат Тоот свитата за труба и џез пијано трио, како и композициите "Garnerama" и "Jazz a la Francaise" за џез пијано трио. Клод Болинг е генијален француски композитор кој пишува композиции со микс од класика и џез стил. Оваа Тоот свита спаѓа во најзначајните дела за труба каде трубачот свири на 5 различни труби.