ОДЛИЧЕН СПОЈ НА КЛАРИНЕТ И ПИЈАНО И УШТЕ ПОДОБАР ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИТЕ КОИ ГИ ИЗВЕДУВАА
Синоќа во фоајето на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа концерт на Ристо Ѓоревски, кларинет и Елена Атанасовска Ивановска на пијано. Ѓоревски дипломирал и завршил постдипломски студии на ФМУ во Скопје а во 2018 завршил специјализација за изведба на кларинет на музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска.Елена Атанасовска Ивановска е една од најуспешните и најафирмирани пијанисти. Дипломирала и завршила постдипломски студии на ФМУ каде во моментов работи како доцент по корепетиција и практика. Ова дуо синоќа за кавадаречката публика изведе дела од Мартину, Зографски, Џампиери, Ковач, Голабовски и Имери.
М.В.