ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци вечерва со трибина одбележа 127 години од формирањето на првиот местен комитет, по солунскиот и 31 година од фомирањето на општинскиот комитет во Кавадарци. На трибината говореа поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.