НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВОТО КОЛО ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА КЕ СЕ ОДИГРААТ НА 15 СЕПТЕМВРИ
Денеска во просториите на ФФМ беа одредени паровите за првото коло од Купот на Македонија кој ќе стартува следниот месец. Привилегираната ждрепка не дозволи во првото коло прволигашите да се сретнат меѓу себе. Тиквеш на стартот на ова натпреварување ке гостува во Новаци а екипата на Локомотива во Градско ке го пречека тимот на Охрид.
Паровите за ова прво коло се :
Детонит - Македонија
ЃППобеда - Вардар
Кит-Го - Шкендија
Беса - Скопје
Локомотива - Охрид
Љуботен - Пелистер
Гостивар - Ренова
Кораб - Беласица
Њу Старс - Борец
Слога Виница - Работнички
Новаци - Тиквеш
Саса - Струга ТЉ
Воска Спорт - Брегалница
Велешта - Шкупи
Да напоменеме дека во Купот ќе се игра по еден натпревар. Поради немање доволен број на пријавени екипи, ланските финалисти Силекс и Академија Пандев директно се пласираа во следната рунда. Доколку мечевите во оваа фаза завршат нерешено, директно се изведуваат пенали. Инаку натпреварите од 1/16-финалето од Купот на Македонија се закажани на 15 септември.
М.В.