ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИТКО ЈАНЧЕВ -актуелен и нов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кавадарци.Интегрален текст
„Почитувани сограѓани, Изминатите четири години со напорна работа и целосна посветеност кон развојот на нашата општина, успеавме Kавадарци да биде најуспешна општина, Кавадарци да биде на прво место. Сите реализирани проекти и проектите кои се во тек на реализација сведочат за едно безбедно, модерно, урбанизирано и убаво Кавадарци. За мене , нашето Кавадарци отсекогаш беше и е на прво место, но во изминатите четири години Кавадарци го привлече целото внимание во целата наша држава. Продолжуваме понатаму со истиот континуитет. Ние, сите заедно, со мојот тим и службите, заеднички успеавме целосно да ја реализираме мојата четири годишна предизборна програма за само првите две години од мандатот. По барање на граѓаните беа имплементирани и реализирани голем број на проекти, кои се надвор од програмата. Најголемата поддршка во изминатите четири години ја добивав од вас, драги мои кавадарчани. Големата доверба која ја добивав од вас ми влеваше сила, ентузијазам и уште поголема енергија. Со вашата поддршка успеавме да го реализираме сето она што заеднички го зацртавме на почетокот од овој мандат. Вториот мандат и кандидатура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на динамичната тенденција на развој на Општина Кавадарци како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, како модел за добро и ефикасно управување, заснован врз традиционалните општествени вредности но и на иновативност. Уште еден мандат ќе значи реализација на уште една визија, континуитет на отпочнатите проекти и имплементација на нови идеи. Голема благодарност до мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ за дадената поддршка и уште поголема благодарност до вас почитувани сограѓани за довербата во изминатите 4 години и вашата поддршка за понатамошни заеднички успеси за Кавадарци на прво место.“, рече Јанчерв на денешната средба со новинарите.