Семејните винарии ја добија своја ВИНОТЕКА.
Првата официјална ВИНОТЕКА на свечен начин беше отворена денеска и пуштена во работа на услуга на граѓаните но и на винариите кои имаат можност овде да ги излагаат своите вина произведени во домашни услови. Засега вина има од над 20 тина винарии кои се регистрирани и имаат свој печат и одлики на квалитет.
-Ова е само почеток, допрва винариите треба да добиваат простор и место кое го заслужуваат затоа што Кавадарци како срце на Тиквешијата, на виното треба да му да се даде потребниот третман, рече Митко Јанчев ,кој го изврши сечењето на лентата заедно со Александар Клинчаров од Здружението на семејни винарии, и претседателот на Советот Ристо Сакалиев.
Видео снимка
-Митко Јанчев-градоначалник на Кавадарци
-Горан Јаковлевски- претседател на Здружние на Семејни Винарии.