На турнирот учествуваа екипи од Кавадарци, Скопје , Прилеп и гостите од Ниш, Србија
Во организација на Спортската федерација на слепи на Македонија и здружението Визија од Кавадарци денеска во спортската сала при ОУ ,,Гоце Делчев,, во Кавадарци се одржа меѓународен турнир во гол бал. На турнирот покрај домаќинот екипата од Кавадарци учествуваа и екипи од Скопје, Прилеп и гостите од соседна Србија, екипата од Ниш. Турнирот се одржа по принципот секој со секого два пати по 12 мин. За најуспешните организаторот и спонзорите обезбедија пригодни награди. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на спортската федерација на слепи Благоја Мишовски.