Во Кавадарци вечерва престојуваше лидерот на партијата Левица- Димитар Апасиев, заедно со Борислав Крмов- пратеник во Парламентот.Тие во Кавадарци беа спо цел лично да се запознаат со текот на предизборната активност за Локалните избори 2021 , а истовремено присуствуваа на отварањето на новите простории на Левица во Кавадарци.
Во изјава за медиумите Апасиев рече дека има притисоци на партијата од други места, и во досегашниот тек на предизборнста активност има и обиди за влијание како партијата би се приклонила кон други политички опции.Тој нагласи дека тие остануваат верни на нивните идеали и партиска програма.
Круме Богевски-претседателот на Левица во Кавадарци истовремено и носител на Советничката листа, која е составен од млади луѓе, очекува освојување на гласови за еден или двајца советници, ни ја презентира програмата на Левица во Кавадарци на овие избори во која се содражани неколку јасни ставови, за разни области на живеењето во урбаните средини.