Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6984
    [QUERY_STRING] => id=6984
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 46394
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.119.248.214
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732491097.2546
    [REQUEST_TIME] => 1732491097
)
( Видео) МИТИНГ НА СДСМ ВО КАВАДАРЦИ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во Кавадарци на Градскиот плиштад се одржа предизборен митинг на СДСМ и Коалицијата. Беше промовирана советничката листа на ова партија на локалните избори на на присутните им се обратија носителот на листата Д-р Диме Коцев, и кандидатот за градоначалник Горан Тодоров , како и лидерот на партијата и Претседател на Владата Зоран Заев.

-„Особено сум горд на сите успеси постигнати во нашата болница. Ги подобривме условите во кои работат здравствените работници. Ги подобривме условите за нашите пациенти. Успешно се справуваме со најголемата здравствена криза, во последните неколку децении. Успешното менаџирање на процесот на вакцинација и одговорниот пристап на вас, одговорните мои сограѓани овозможивме да имаме висок процент на вакцинирано население. Сето тоа го направивме затоа што Кавадарци е важно. Одговорно стојам пред вас и тврдам дека имате можност да го добиете најдоброто за Кавадарци. Да ја вратиме насмевката на кавадарчани. Пред вас е можност е да изберете луѓе, кои целиот свој капацитет ќе го стават на располагање и ќе докажат дека граѓаните одлучуваат“ рече носителот на советничката листа на СДСМ во Кавадарци, д-р Диме Коцев.

Горан Тодоров-кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ пак по критиките за работењето на актуелниот градоналчалник Митко Јанчев најави инвестиции и загарантиран економски развој. Владата за лозарите од Кавадарци и Тиквешијата издвоила 20 милиони евра поддршка по разни основи,.

-„Само оваа година над 8 милиони евра им се исплатени субвенции на лозарите. Издвоивме и дополнителни 12 милиони евра за санирање на штетите , плус исплативме да ги испразниме винариите. Само лани преку 20 милиони го подржавме лозарството. Таква поддршка никогаш немало“ рече Заев и најави дека наскоро винарската визба „Повардарие“ ќе излезе од стечај и ќе ја преземе државата. Најави дека ќе биде активирана дестилеријата во оваа винарија, со цел да се помага, кога има проблеми со откупот на грозје.-рече Тодоов и продолжи;

„Мицкоски заглавен во темното минато нуди нова иднина. Ме чуди што слоганот „Создај нова иднина“ е насекаде, а не и во Кавадарци. Овде слоганот е „За вас“. Мицкоски го разреши Јанчев од раководството на партијата, за потоа да застане зад него, како негов кандидат. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно нема став, не знаат кај тераат, не знаат што сакаат. Ете затоа ќе победи нашиот кандидат Горан Тодоров.

Инаку аза Кавадарци Тодоров во програмната предложи; Изградба на регионален центар за грозје, прочистителна станица, старт ап центри, зелено Кавадарци со низа мерки за намалување на загадувањето, монтажна катна гаража, старечки дом, рекреативен центар за пензионери, бесплатен оброк за секое дете до 9 одделение, набавка на смарт табли, субвенционирање на таблет лап топ, стационар за кучиња, изградба на спорстки сали во Сопот, Марена, Возарци и Дреново. Реконструкција на фудбалски терени, намалување на сметките за комунални услуги до 50 %.

Претседателот Заев рече дека во Кавадарци и во секоја друга општина ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз, затоа што знаат граѓаните кој работи за нивните а кој против нивните интереси.

„Граѓаните се мудри граѓаните знаат да измерат и да оценат.Граѓаните гледаат кој ги раздолжи општините со 50 милиони евра и вложи дополнителни 500 милиони за проекти, а кој потроши 800 милиони за криминални тендери само во центарот на Скопје. Гледаат граѓаните и знаат, кој за четири години изгради 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, а кој постави 300 споменици, гипс картон, палми и жални врби. Знаат граѓаните и кој ја држи стабилна цената на струјата, а кој ја покачи за 100 отсто. Знаат граѓаните кој им должеше субвенции со години, а кој навремено им испалаќа субвенции. Знаат лозарите колку пари имаа од грозјето, и колку приход имаат денес. Гледаат граѓаните и прават разлика и таа разлика ќе ја потврдат на денот на изборите. Знаат граѓаните дека сега е многу подобро и затоа на 17 октомври ќе го изберат Најдоброто и масовно ќе гласаат за број 12!,, рече Заев.

04-10-2021-–-Кавадарци-2-4-1024x682 04-10-2021-–-Кавадарци-7-2048x1363 20211004-8b9874156315df0d5e5fb86b1c04870d 20211004-d597ed97f16bed3e5928198f6f02ca2b