Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7086
    [QUERY_STRING] => id=7086
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 8529
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.224.65.198
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732499303.6229
    [REQUEST_TIME] => 1732499303
)
Соопштение/ ,,Левица не е градена како пајтон-партија ,за еднократна употреба,,


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Известување од Левица-Интегрален текст:

„Партиското раководство на Левица, ценејќи го антивладиното и проопозициско расположение на членството, поддржувачите и симпатизерите, и земајќи го предвид фактот дека Левица не е градена како пајтон-партија за еднократна употреба, туку како брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар, а имајќи ги предвид констелациите и сложената политичка слика која се создаде после овие Локални избори 2021, како и превенирајќи го претстојното ново национално понижување и предавство кое го спрема вазалот Заев во односите со ЕУ и со Бугарија, доколку евентуално остане на власт – ги донесе следниве политички заклучоци и идни насоки:

1. Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата. 2. Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите. 3. Во овој историски миг, гледајќи ја поголемата политичка слика и државниот интерес на Републиката, наша политичка должност – како нова генерација на неподмитливи македонски политичари – е да не бидеме сламката за спас, за која ќе се фати хибридниот режим на Заев и ДУИ, за свое понатамошно опстојување и владеење, туку ќе бидеме клучните политички актери кои ќе го зададат финалниот удар за дефинитивен пад на заевизмот и конечно развластување на ДУИ, како спој на поданичко и силеџиско владеење, кое е спротивно на националните интереси и на АСНОМ-ските идеали на македонскиот народ. 4. Во конкретни општини и во Градот Скопје, каде што мнозинството на досегашната парламентарна опозиција во локалните совети зависи од нашите советници, постои теоретска и практична можност тие да дадат малцинска, т.е. условена поддршка – исклучиво на конкретни и точно одредени проекти кои се во јавен интерес на народот и за доброто на месното население, инсистирајќи притоа да се вметнат и суштински општокорисни предлози од нашата Локална предизборна програма за таа општина. Било кој обид за незаконско или штетно работење од било кого, советниците на Левица ќе го спречат и јавно обелоденат! 5. Не е исклучена можноста, во конкретна т.н. пилот-општина, Левица да го побара претседавачкото столче во советот, со цел јакнење на својот политички опит и административен капацитет за раководење со општината и креирање на јавни политики во општ интерес. 6. Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување. Президиум на Левица27 октомври 2021„ се наведува во известувањето.