Таа е член на боречкиот клуб Неготино и настапи во категоријата до 66 кг.
Mакедонската кадетска и пионерска репрезентација во борење се наоѓа во Ксанти, Грција каде деновиве се одржува Балканското првенство во овој спорт. Како дел од репрезентацијата е и младата Стефани Николова која инаку е член на боречкиот клуб Неготино. Таа настапи во категоријата до 66 кг, стигна до финалето каде за жал загуби и мораше да се закити со сребрениот медал. Со овој медал Николова уште една покажа за како потенцијал се работи и дека нејзините вистински резултати допрва доаѓаат
М.В.
 
 

			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
 
                        
 
 
 
 
 
 