Денеска во Гимназијата „Добри Дасаклов„ беше одбележан патрониот празник на училиштето.За годишнината (139 години)од раѓањето на големиот тиквешки војвода Добри Даскалов и постигнувањата на учениците и вработените во ова образовна установа, говореше директорката Јасмина Чулева .Инаку цвеќиња на бистата на војводата положија претставници на Гимнназијата , локалната самоуправа , Советот на чело со претседателот Д-р Стојанчо Рамов,ученици, и наставници.
Беа доделени признанија за освоени значајни места и награди на натпревари .
Се одржа и класното првенство во мaл фудбал.