Фолклорниот ансамбл Тиквеш покажа квалитет достоен за вистински културни амбасадори.
Викендов во кино салата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ се одржа традиционалниот Годишнен концерт на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при оваа културна институција.
Заради пандемијата и протоколите во саботата се одржаа два концерти а во неделата еден. ФА “Тиквеш“ со своите настапи покажа и докажа зошто е најголемиот културен амбасадор на Кавадарци низ Европа и пошироко. На концертите настапија сите возрасни групи а посебен акцент беше ставен на новите кореографии. Ако за првата постава кажеме дека покажаа и повеке од максимална професионалност тогаш за помладите групи ке речеме дека не убедија дека фолклорот во Кавадарци има блескава иднина. Најважно од се е што публиката беше и повеке од задоволна и навистина уживаше а ако добро ги погледневте лицата на играорците ке забележевте дека уживаа и тие. Како специјален гостин на концертите се појави етно составот “Дукена“, еден нов проект на Домот на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а за нив ова беше нивно прво претставување во јавноста.
М.В.