Здружението ВИНОТЕК денеска во Винскиот музеј во Градскиот парк го организираше традиционалниот ФЕСТИВАЛ на МЛАДО ВИНО.
Манифестацијата годинава е подигната на повисоко ниво и затоа го привлече вниманието на повеќе граѓани не само од Кавадарци туку и од цела Македонија, што е поен плус за организаторот.
Јован Еленов Претседател на Здружението ,не го криеше задоволството од квалитететно органзиризираниот фестивал кој на едно место собра повеќе винарии со поголемо и семејни винарии со помало приводство на вина, но сите со единствена цел ВИНТОТО ДА СТАНЕ СОСТАТВЕН ДЕЛ НА ДОМАШНАТА ТРАДИЦИЈА.