Викендов се игра последното коло во оваа календарска година.
Фудбалските прволигаши оваа недела ке го одиграат последното 18-то коло за оваа календарска година. Двојките се: Шкендија - Скопје, Борец - Шкупи, А.Пандев - Пелистер, Работнички - Македонија ЃП и Струга - Ренова. Сите средби се играат во недела од 13 ч. освен средбата во Кавадарци каде ГФК Тиквеш ја пречекува штипска Брегалница. Штипјани се во сигурната зона, на 5 место со 26 бодови дури 11 повеке од кавадарчани а Тиквеш доколку сака напролет да има какви такви шанси да се бори за опстанок на оваа средба мора да размислува само на победа. Средбата ГФК Тиквеш - Брегалница се игра утре, сааботаа со почеток од 13 ч.Второлигашите на репертоарот ке ги имаат средбите од 15 колои. На истокот парови се Победа - Локомотива, Кожув - Братство, Детонит - Осогово, Кит Го - Саса а дербито се играа во Струмица каде Беласица ја пречекува Слога.. Во западната конференција ке играат Воска - Беса, Велешта - Силекс, Вардар - Каадино, Кораби - Охрид и Гостивар - Тетекс.
М.В.