Учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ поддржани од директорката Јасминка Чулева и ментор Елизабета Иговска реализираа хуманитарна акција. Собраните средства ги наменија за донација на електричен шпорет, цд плеер и електрична цедалка за потребите на Дневен центар за лица со посебни потреби.
Акцијата е по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби -3 декември и новогодишните празници. Секој корисник во дневниот центар доби и новогодишно пакетче. Ваква хуманитарна акција се реализира секоја година.„Да бидеме подбри со убави мисли и насмевки за сите“ е пораката од гимназијалците во Кавадарци.