Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7273
    [QUERY_STRING] => id=7273
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 41728
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.141.2.191
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732491558.9233
    [REQUEST_TIME] => 1732491558
)
„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прва сензорна градина во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ со поддршка на ХАЛК банка

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во Охридско – струшкиот регион, со што станува побогато инклузивно и пристапно место за учениците со типичен и атипичен развој. Ова е прва сензорна градина која ХАЛК банка ја донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

„ХАЛК банка поттикнува пионерски чекори кои го подобруваат квалитетот на живеење во нашата заедница, па токму затоа со задоволство учествуваме во создавање на сензорната градина. Еднаквите можности за развој на децата, во безбедна и пристапна училишна средина, е наша заложба како компанија. Затоа им благодариме на Фондацијата „Чекор по чекор“ кои преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ни овозможија да придонесеме во градење на инклузивните училишта во земјата“, посочи ХХ од ХАЛК банка.

Оваа сензорната градина во Основното училиште „Григор Прличев“ во кое се образуваат повеќе од 1000 ученици е од огромна важност и за Општина Охрид.

„Сензорните градини се новитет во нашата држава, а нам ни е задоволство бидејќи ние ја имаме првата во општина Охрид и околните општини. Оваа градина нуди широк спектар на сензорната стимулација на учениците со попреченост, но и на сите ученици, и со неа ја подобруваме инклузивноста на нашето училиште и пристапноста на образовните програми до сите ученици“ – изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија и со кој раководи Фондацијата „Чекор по чекор“, 15 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

Со обезбедување на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование на децата, вклучувајќи ги и оние со физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

„По една година спроведување на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија ја имаме и првата сензорна градина, која ќе биде место каде секојдневно ќе се поттикнуваат способностите и вештините на учениците и ќе се унпаредува нивното учење преку соодветна сетилна стимулација. Благодарни сме бидејќи реализираме уште една активност заедно со општествено одговорните компании како ХАЛК банка и заеднички одиме на нашата патека за создавање на училишта без бариери. Со овој пристап веруваме дека можеме да изградиме училишта, кои се отворени и пристапни за секое дете, и каде секое дете независно на неговите образовни потреби може да добие квалитетно образование.“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

По сензорната градина во Охрид, до крајот на календарската 2021 година проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ќе има можност да промовира уште две инклузивни катчиња во нашата земја.

7 7d3de4d7-52fb-41c3-b9fa-b1123606806e c9b0b27a-1d42-40d3-bdcd-eeb63f77fdfe thumbnail (1) thumbnail