Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7332
    [QUERY_STRING] => id=7332
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 41662
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.145.183.113
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1734797625.8438
    [REQUEST_TIME] => 1734797625
)
Сензорна соба во ООУ. „Видое Подгорец “ во Струмица


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сензорна соба во ООУ. „Видое Подгорец “ во Струмица во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Богатство од стимулативни содржини во сензорната соба на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица, со која од денес, секојдневно ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии.

Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а оваа сензорна соба се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи (SoRi II), Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Северна Македонија која ја спроведува Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

„Во таа насока е и оваа поддршка за целосно опремување на сензорната соба. Се надеваме дека преку обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост ќе придонесеме кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Северна Македонија и ќе послужиме како пример за други училишта и општини”, рече г-дин Самец. Тој додаде дека ГИЗ во соработка со Општина Струмица и една локална организација наскоро ќе започнат со социјално мапирање фокусирано на лицата со попреченост, a сѐ со цел да се помогне на општината во креирање на ЛНОБ (Leave No One Behind) сензитивни политики.

Душан Томшиќ од Министерството за образование и наука истакна дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост, за кои се потребни континуирани инвеастиции како во инфраструктурата, дидактичките помагала и секако вложување во знаењата на наставниот кадар и стручните соработници.

„Во насока на унапредување на процесот на инклузија, сакаме да информираме дека во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата, шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion. Градежните активности треба да започнат во текот на месец февруари 2022 година“ – истакна Томшиќ.

Постоењето на оваа сензорна соба во основното училиште ООУ. „Видое Подгорец“ во кое се образуваат 892 ученици е од огромна важност за општина Струмица.

„Сензорните соби нудат стимулација на учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина, во која преку индивидуална работа со 25 деца, колку што имаат потреба во моментов во ова училиште ќе се овозможи развој на нивните потенцијали и активно вклучување во воспитниот и едукативниот процес. Среќен сум бидејќи со оваа сензорна соба во основно училиште во Струмица ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност во општината, и не поттикнуваат партнерски да работиме на создавање на заедница во која сите деца ќе имаат еднакви можности за раст и развој“ – изјави градоначалникот на Струмица, г-дин Костадин Костадинов.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да обезбеди рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.

„Со отворањето на шестата сензорна соба во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, придонесуваме секое дете да добие пристап до квалитетно образование. Сензорните соби ги опремуваме со разновидна опрема која им обезбедува на учениците визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето, како и подобрување на фината и грубата моторика. “, рече г-ѓа Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

thumbnail (2) thumbnail (1)