По повод Денот на лозарите ракијарите и винарите - Свети Трифун, Здружението ВИНОТЕК Кавадарци, во сорaботка со Локалниот Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, под покровителство на Градоначалникот и Oпштина Кавадарци, организира Меѓународно оценување на вино и ракија произведени од регистрирани винарии и индивидуални производители. Категории за оценување: - ВИНА: бели, розе, црвени, како и посебна категорија на вина од станушина;
- РАКИИ: лозова, комова, мастика и овошни
УСЛОВИ:
1.- За оценување се приложуват по 2 шишиња од секоја пријавена мoстра во0,750l или 1l амбалажа и плаќа котизација од 300,00 денари. На секое шише да има налепено сорта (за „куве“ од кои сорти е купажата), година на берба, содржина на шеќер, содржина на алкохол и производител (со број на телефон).Котизацијата се плаќа при предавањето на мoстрите;
2.- Вината и ракиите кои се оценуваат да се предадат во продавницата на ЕУРОХАНДЕЛ (кај црквата Св.Димитрија, Кавадарци) најдоцна до 07 02.2022.
3.- Оценувањето го врши повеќечлена стручна комисија под раководство на Проф.Др. Михаил Петков, а резултатите се соопштуваат на Св.Трифун –14.02.2021.година, на свеченоста во Винскиот музеј (во Градскиот парк Кавадарци) од 11,00 часот;
4.- Ќе се оценуват сите предадени мoстри, а ќе се доделат награди на најдобро оценетите три вина и три ракии од секоја категорија. За награди можат да учествуваат само тие мoстри за кои има докази дека се произведени во количина поголема од 200 литри.и ракија 20 литри Комисија формирана од организаторот ќе ги преконтролира произведените количини за првите 3 места.
Информации на тел. 078 420 234 (Панче) или 075 209 949 (Јован) ,,СРЕМСКИ ФРОНТ,, 13 КАВАДАРЦИ
КОНТАКТ ЗА СКОПЈЕ: 076 231 230 МИЦЕ ГО БАРАТЕ ЗА ДА ОСТАВИТЕ МОСТРИ
КОНТАКТ ЗА СКОПЈЕ: 075 369 422 БЕКО ГО БАРАТЕ ЗА ДА ОСТАВИТЕ МОСТРИ
КОНТАКТ ЗА БИТОЛА: 075-536-808 ДИМЕ ГО БАРАТЕ ЗА ДА ОСТАВИТЕ МОСТРИ
Со почит, ВИНОТЕК Кавадарци
рци