Кавадаречките екипи загубија на домашен терен од есенските шампиони
Познати се учесниците во четвртфиналето од националниот куп во футсал. Во осминафиналната рунда се постигнаа следниве резултати : Јувентус Серава – Велес 3-5, Железарец - СЕЕ Университи 6-2, Црешово Топче – Карадаку 3-7, Астибо - Арбен Бајрами 2-3, Конзули КМФ – Проект 4-5 и Шкендија – Енхалон 7-5.
За кавадаречките љубители на овој спорт најинтересни беа пресметките кои се одиграа во салата Јасмин во Кавадарци каде гостуваа есенските прваци во првата и втората лига. Прволигашот Црна Река го пречека есенскиот првак од втората лига, тимот на Кеги Моби од Велес и загуби со 5-9. Во втората пресметка второлигашот Клими го пречека есенскиот шампион од првата лига Шкупи кој ја оправда фаворитската улога и славеше со 3-7. Место во четвртфиналето од купот обезбедија екипите на Велес, Железарец, Карадаку, Кеги Моби, Арбен Бајрами, Шкупи, Проект и Шкендија.
м.в.