Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7378
    [QUERY_STRING] => id=7378
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 22602
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.142.198.108
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735360608.7425
    [REQUEST_TIME] => 1735360608
)
Одржана четвртата седница на совет на Општина Демир Капија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 07.02.2022 година во просториите на општина Демир Капија советот ја одржа четвртата редовна седница на која беа разгледани и усвоени десет точки од дневниот ред. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука со која Исламска верска заедница, како подносител на барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект со намена В5-2 -џамија во с.Бистренци изградена на КП 650 КО Бистренци, заведено под бр.УП I 10-13 од 29.01.2018 година, се ослободува од обврската за плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправниот објект. Ослободувањето од обврската за плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправниот објект, се однесува на верски објект (зграда 1) кој се наоѓа на КП 650 КО Бистренци.

Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на одлука со која Македонска православна црква, како подносител на барањето за утврдување на правен статус на бесправни објекти со намена В5-1 -црква во с.Корешница изградени на КП 485 КО Корешница, заведено под бр.УП I 10-70 од 29.06.2018 година, се ослободува од обврската за плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправниот објект. Ослободувањето од обврската за плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправниот објект, се однесува на верски објект (зграда 3 и 4) кои се наоѓаат на КП 485 КО Корешница.

По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше усвоена Предлог-Програмата за работа на Советот на Општина Демир Капија за 2022 година. Основа за донесување на програмата за работа на Советот е законот за локална самоуправа, Статутот и Деловникот за работа на Советот како и другите закони кои се однесуваат на функционирањето на локалната самоуправа и со кои се утврдени надлежностите на единиците на локалната самоуправа. Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Програмата за еднакви можности на Општина Демир Капија за 2022 година.Оваа програма опфаќа активности од областа на родовата еднаквост и недискриминација, иницијативи и акции кои ќе водат кон унапредување на положбата на мажите и жените и заштитата од дискриминација.

Петата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Предлог-Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2022 година. Во глава 4 донесување на урбанистички планови вон населено место се додава нова точка 16 која гласи: Урбанистички план вон населено место со намена Г3 – производство на енергија од обновливи извори и Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани кои се поставуваат на земјиште на КП бр. 934, КП бр. 935/2, КП бр.935/3 и дел од КП бр. 935/1, КО Бистренци, општина Демир Капија.

Во глава 5 Донесување на урбанистички проекти точка 7 се брише, а на нејзино место се додава нова точка 7 која гласи: Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2- лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и друго на КП 142/2, КП 151, КП 152, КП 153, КП 154, КП 155, КП 156, КО Корешница, Општина Демир Капија.

Шестата точка од дневниот ред се однесуваше на Предлог-Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Демир Капија за 2022 година која по разгледувањето исто така беше усвоена. Програмата за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Демир Капија за 2022 година ги дефинира обемот, динамиката, начинот на вршење на потребните активности и начинот на нивното финансирање.

Одржувањето на јавната чистота подразбира чистење (метење и миење) на јавно-прометни површини и отворени простори пред јавни објекти и е во зависност од:

Густината на населението Фреквенција на луѓе и моторни возила Степен на нечистотија Инфраструктурни сообраќајни услови Делување на градежна оператива, која со своите возила се јавува како еден од најголемите загадувачи на јавните сообраќајни површини Социјалниот аспект на граѓаните Финансиската состојба на општината и Структурата и опременоста на ЈКП Бошава Демир Капија.

Одржувањето на јавната чистота ќе се состои од следниве активности:

Обврски на ЈКП Бошава Секојдневно метење на улици

(ул.Маршал Тито, централното градско подрачје-плоштадот, делот од ул.11-ти Октомври позади салата и делот пред општинските канцеларии)

Метење на останатите улици во град Демир Капија Периодично миење на улици (по потреба во зависност од загадувањето и нечистотијата) Одржување на спомен обележја Одржување на јавни површини во зимски услови Одржување на градски пазар Одржување на градски гробишта (уредување на просторот) Одржување на урбана опрема (фонтани, клупи, играчи и др.) Расчистување на диви депонии Правни и физички лица

- Отстранување на предмети и материјали оставени пред сопствените парцели

- Расчистување на снег пред сопствените објекти како физички така и деловни простории.Чистењето на јавните површини од снежни врнежи ќе се врши согласно Годишниот оперативен план за зимски услови на општина Демир Капија. Чистењето на јавните објекти, дворните површини, колективните и индивидуалните објекти покрај редовното ќе се врши и вонредно со организирање на акции двапати годишно и тоа во месец мај и при крајот на месец октомври или почеток на ноември, со претходно известување. На овој начин се овозможува на лицата да ги исчистат своите подруми и дворни површини.Чистењето на јавните површини после јавни манифестации, собири и други масовни собирања ќе се врши од страна на ЈКП Бошава по претходен договор со организаторите на истите.

Поставување садови за отпад и обезбедување на јавни санитарни јазли

За одржување на јавната чистота на јавните површини и отворени простори пред јавните објекти ќе се постават соодветни садови за фрлање на отпадоци.

Во централното подрачје ќе се одржуваат поставените канти со пепелници секојдневно, а доколку има потреба ќе бидат поставени и дополнителни канти.

По разгледувањето на седмата точка од дневниот ред беше усвоен Финансискиот извештај на ЈКП "Бошава" Демир Капија за периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година усвоен од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на ден 16.12.2021 година.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија.Од должноста член на управен одбор во детската градинка по свое барање се разреши лицето Петар Јованов, а на негово место се именува Костадинка Велкова.

Седницата заврши со разгледување и усвојување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

п.п.