Според програмата на манифестацијата „Недела на традицијата Свети Трифун 2022“ во просториите на општина Демир Капија во тек е прибирањето на мострите за натпреварите за најдобро домашно вино и ракија кое ќе трае и во текот на утрешниот ден. Дегустацијата ќе се изврши во петок од страна на Стручната комисија составена од професионални енолози, а наградите ќе им бидат доделени на 14.02.2022 година на празникот Свети Трифун. Посебно радува фактот што има пријавено и млади учесници во натпреварите за вино и ракија. Тоа значи дека има иднина за лозарството и винарството, како и добра иднина за локалниот економски развој. Претставници од организаторот на настанот ќе извршат проверка на автентичноста на доставените мостри од вино и ракија кои ќе бидат избрани за најдобри.