Виното Темјаника берба 2021- година, ја доби наградата „Гранд При“ доделена на годинашниоит Ден на лозарите „Св, Трифун„ и воедно е избрано за најдобро оценето вино од сите 88 мостри кои беа претставени на интернационалната манифестација по повод празникот на лозарите „Св.Трифун“.Комисијата за оценување е составена од реномирани енолози под раководство на професор д-р Михаил Петков, е гаранција дека најдобрата награда му е со право доделена на виното Темјаника -берба 2021 година од Винаријата „КИМОВ„
Александар Кимов, од името на Винаријата „Кимов„ ,изразува бладодарност до Здужението „Винотек „ за организација на натпреварот како и за Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци кој им ја додели за плакетата за особен придонес и поддршка во развојот на винската култура и традиција.