Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7477
    [QUERY_STRING] => id=7477
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 30960
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.15.26.231
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735378008.4154
    [REQUEST_TIME] => 1735378008
)
Одржана шестата седница на совет на Општина Демир Капија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 11.03.2022 година советот на Општина Демир Капија ја одржа шестата по ред редовна седница на која беа разгледани 10 точки од дневниот ред. Седницата ја отвори и водеше претседавачот на советот Андон Крстевски. Првата точка од дневниот ред по разгледувањето не беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Демир Капија спрема други правни лица кои се евидентирани во Буџетот на Општина Демир Капија во вкупен износ од 25.029,00 денари.

По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност за општина Демир Капија, координирани од страна на надлежниот регионален центар.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија. Работното време во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Демир Капија започнува во 05:00 часот а завршува во 17:00 часот, со тоа што работното време ќе се одвива во една смена. Се задолжува Јавната општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија да го почитува утврденото работно време.

Четвртата точка од дневниот ред се однесуваше на Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на Општина Демир Капија за 2023 година во кој се регулираат роковите на планирањето на општинскиот буџет кој по разгледувањето беше усвоен.

Петата точка од дневниот ред по разгледувањето не беше усвоена, а се однесуваше на програмата за измена и дополна на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2022 година. Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред која исто така не беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Демир Капија за 2022 година.

Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето беше одложена за наредната седница.

По разгледувањето на осмата точка од дневниот ред беше донесено Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП БОШАВА Демир Капија. Од член на Управен одбор на ЈКП БОШАВА Демир Капија, се разрешува Љупчо Ризов, а на негово место беше назначена Даниела Каранфилова.

Потоа се премина на деветата точка од дневниот ред на која по разгледувањето не беше усвоен Годишниот извештај за работата на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2021 година.

Десетата точка од дневниот ред се однесуваше на Разгледување на барање од ККК ПРОСЕК Демир Капија бр.08-198/1 од 03.03.2022 година.Од страна на советот на Општина Демир Капија беше донесена одлука за доделување на ККК Просек Демир Капија финансиски средства во висина од 150.000 денари за реализација на активности поврзани со овој клуб.

П.Пашоев