Децата од кавадаречките градинки и основни училишта го одбележаа денот на шегата
По повод меѓународниот ден на шегата 1 -ви Април денеска по две години паауза во организација на општина Кавадарци се одржа традиционалната манифестација Априлијада 2022 на радост на сите деца од општината.
Според програмата дефилето под маски започна од кружниот тек кај автобуската станица а заврши на граскиот плоштад. Таму следуваше и претставување на поединечни и групни маски по редослед на кој децата пристигнуваа на плоштадот.. На годинашната Априлијада беа вклучени децата од сите клонови на градинката Рада Поцева како и дечињата од сите основни училишта од градот.. .Пирати, принцови, принцези, кловнови, бетмени, спајдермени, самовили, полицајци,доктори и многу други ликови од стрипови и цртани филмови, беа само дел од ликовите кои ги претставија кавадаречките најмлади,До израз дојде и инвентивноста на наставниците но и на дечињата во изработката на големиот број на квалитетни колективни маски. Најважни беа насмевките на децата кои продефилираа низ градот.
На градскиот плоштад маскираната поворка ја пречека градоначалникот Митко Јанчев и вработените во ЛС Кавадарци кои не можеа да го скријат задоволството на нивните лица. Да не ги заборавиме и ооние повозрасните – родителите,бабите и дедовците, стрини,тетки,чичковски и вујковци кои во улога на фоторепортери гордо со своите телефони и фотоапарати го овековечуваа овој сегмент од детството на нивните миленици и галеници.
М.В.