Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7571
    [QUERY_STRING] => id=7571
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 34178
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.12.123.217
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735582117.4698
    [REQUEST_TIME] => 1735582117
)
Сензорна соба во ООУ. „ Ѓорче Петров “ во општина Ѓорче Петров-„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

– Од денес учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров ќе може да работат во сензорната соба опремена со реквизити и стимулативните алатки, придружени од стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор.

„Големо задоволство е како градоначалник, но и како лекар, на Светскиот ден на здравјето да ја ставаме во употреба сензорната соба на стручниот тим во ООУ. „Ѓорче Петров“, со која ќе се подобри квалитетот за развој, образование и воспитание на учениците со попреченост во ова училиште. Овој чекор, е знак за подобрување на инклузивните капацитети и практики во општина Ѓорче Петров која посакувам да стане заедница со еднакви можности за сите нејзини граѓани.“ – вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Фондацијата д-р Верица Механџиска ја поддржа реализацијата на сензорната соба, активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ која е финансиран од Европската Унија, а има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост.

„Среќни сме што Фондацијата д-р Верица Механџиска, која во фокус на своето работење го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица ја реализираше оваа соработка со помош на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и заеднички успеа да ја опреми оваа сензорна соба. Благодарни сме на оваа заедничка соработка и верувам дека со тоа во јавноста испраќаме важната порака, со заедничко вклучување придонесовме кон создавање на позитивни промени и вредности, не само за децата со попреченост, туку и за заедницата во целост“ – рече Маја Топкоска од фондацијата д-р Верица Механџиска.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ која го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, истакнува дека на 20 месеци од спроведување на активностите од овој проект, вклучително и оваа 10 – та сензорна соба во ООУ. „Ѓорче Петров“, од општина Ѓорче Петров, во кое има 18 деца со попреченост, од вкупно 336, значајно се придонесуваа, секое дете да добие пристап до квалитетно образование.

„Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ стимулира инклузијата преку директна поддршка на семејствата, oбука на наставниот кадар, потоа стипендирање на учениците со попреченост, со што тие рамноправно се вклучуваат во редовниот образовен систем. На овој начин ние директно работиме на развој на инклузијата на локално ниво, и се залагаме за создавање на еднаков пристап и можности за сите деца во сите училиштата. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.“, потенцира Џајковска.

Реализацијата на сензорната соба е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

0-02-05-de4848060e1305947b6929642eb94054d248255323012f2910a3c64bb59ad61c_1c6dacc4a1da39 0-02-0a-2a27a760ffe1d56ff0981654075dd8b35ef16b8d24e4fa3e3fa5c10717403bf0_1c6dacc49527a3 0-02-0a-31934657661adcae4cdfb0f5b0a5ff75866d2bd3d513c482836fa9e2d8eea476_1c6dacc4954700