Во Божиќната честитка Ѓорѓиев наведува:
„Драги сограѓани и пријатели,
Би сакал од се срце да ви го честитам големиот христијански празник Божиќ.
Божиќ е празник на надежта, на спасението и на животот. Симболиката е многу силна. Вербата и надежта за подобар живот ќе го победат стравот.
Ви посакувам на сите успешна и бериќетна година, исполнета со многу радост, здравје и љубов.
Радувајте му се на животот, бидејќи доаѓаат подобри времиња за нашата земја и за сите граѓани на Македонијa“.