ЛО левица до редакцијата на РТК го испрати следното соопштение;
„Левица заедно со Црвена Младина - Кавадарци утринава постави три транспаренти како порака за пратениците чии гласови се одлучувачки во одлуката за погубниот ”француски предлог” кој е денес на пленарна седница во Собранието на Република Македонија!
Се надеваме дека пратениците Даниела Колева и Панчо Минов ќе поминат покрај градскиот плоштад на пат кон своето работно место за да го видат транспарентот со големо “НЕ!” кое Кавадарци има да го каже за “францускиот предлог”!
-Транспарент ,,ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!” беше поставен на Споменикот на 12 младинци во Ваташа кои биле стрелани од бугарскиот фашистички окупатор и за чие сеќавање “францускиот предлог” предвидува гонење по основ на “говор на омраза”.-Транспарент ,,АСНОМ ЖИВЕЕ” беше поставен на Спомен-костурницата во Кавадарци каде почиваат моштите на загинатите од НОБ!
Политичарите во Кавадарци молчеа од моментот кога Владата го доби овој безобразен предлог, но народот не молчи! Народот градеше тивок гнев кон поданичките политики на актуелната бугарофилска власт на СДС и ДУИ!
ВНИМАВАЈТЕ КАКО ГЛАСАТЕ: Кавадарци памти, Кавадарци нема да прости уште едно предавство!
-Македонската историја не смее да биде предмет на преговори со друга земја!-Македонскиот јазик не смее да биде предмет на преговори со друга земја!-Спомениците и учебниците треба да се заштитат од туѓи влијанија!Не го загрозувајте идегритетот на Македонија, македонскиот јазик, историја и култура!„“
-се наведува во соопштението.