Денеска почина истакнатиот сликар,поет и есеист Петар Наневски од Ваташа.
Тој е роден е во село Ваташа Во 1935 година. Завршил школа за применета уметност и Педагошка академија во Скопје , отсек сликарство во класата на професорите Личеноски, Лазески и Коџоман. Има реализирано голем број самостојни изложби во земјата и странство. Колективно излагал со ДЛУМ, ДЛУК и ДЛУБ. Како поет објавил дваесетина книги - поезија, есеистика и афоризми. Беше наставник во ликовно воспитување во Гимнаназијата„Јосип Броз Тито„.Дел од својот работен век го помина и во Локален Музеј-Галерија Кавадарци.
Наневски ќе биде погребан утре на Градските гробишта во село Ваташа.