НА прес конферцијата посветена на годинашниот “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2022“ зборуваа градоначалникот на Општината Митко Јанчев и портпаролот- Шеф на Кабинет на Јанчев-задолжен за односи со јавноста, Лилјана Митрова
„Добар ден почитувани претставници на медиумите!
Најпрво би сакал да изразам голема благодарност до Генералните спонзори на Тиквешки гроздобер 2022: Еуро Никел, Кожувчанка, ВВ Тиквеш и ВВ Гоце Dелчев,Градба Промет како и на околу 40 фирми од Кавадарци и други градови во Македонија кои се покровители на оваа манифестација.
По две години пауза, кавадарчани заслужуваат оваа година да ја имаат најуспешната манифестација Тиквешки Гроздобер, затоа што оваа манифестација е традиција, а традицијата не само што треба да се негува, туку и да се збогатува.
Затоа годинава освен на сите планирани содржини, големо внимание обрнавме посебно на Карневалското дефиле со многу карневалски групи, наши и групи кои ќе ни гостуваат од нашите збратимени градови од целиот Балкан, затоа што сепак дефилето е тоа кое му дава најголем белег на Тиквешкиот гроздобер и во минатите години и сега.
Што се однесува до финансиската конструкција за самиот Гроздобер,оваа година Општина Кавадарци учествува со 5.500.000 денари, а околу5 милони денари се средства донирани од многу наши општествено одговорни компании,блиски соработници и секако генералните спонзори.
Да напоменам дека во 2018 и 2019 година не беше забележан никаков проблем или инцидент, а тоа секако сметам дека е резултат на добрата организација и на сите инволвирани институции од Кавадарци,но и Македонија, па затоа годинава институциитеодговорни за безбедноста на гостите и посетителите, се уште повеќе подготвени и мобилизирани.
Околу 100 луѓе се влучени во делот на паркирање на гостите кои ги очекуваме овие три дена, пожарникарите помагаат во делот на логистиката, и буквално сите си го знаат местото, со цел да биде успешно и безбедно спроведена целата манифестација.
Очекуваме голема посетеност, многу поголема од последните две години, и иако мислевме дека во 2018 го постигнавме рекордот кога имаше околу 60.000 посетители на главниот настан, оваа година се надевам ќе докажеме дека можеме уште подобро и уште повеќе.
Ви Благодарам и ве поканувам да се видиме во Кавадарци на нашиот Тиквешки Гроздобер.
Што се однесува до самата програмска содржина на Тиквешкиот гроздобер, покрај музичката програма, а верувам дека тоа е она што најмногуги интересира посетителите, овој пат за разлика од порано обрнавме големо внимание и на културата, што значи дека за разлика од минатите години, оваа година ќе има многу поголем број културни настани што ќе ја одбележат самата манифестација. Всушност секој ден, во секое време додека трае манифестацијата ќе има содржини за секого и како никогаш досега.
А, сега малку пооширно за самата програма:
Почнуваме во петок во 18 часот на Градскиот плоштадкога и официјално ќе го прогласиме Тиквшкиот Гроздобер за отворен.
По што следува настап на наш локален бенд Фор Бенд, трка со келнери на улицата Илинденска на која ќе земат учество околу 10-тина учесници од повеќе општини од Македонија, избор на најдобар коктел со вино на Градски плоштад. Вечерта забавата продолжува со македонскиот бенд Зи Бомб, по нив во моментот најатрактивните имиња на балканската сцена за помладата публика, Нучи и Војаж, и за крај завршуваме со настап на ДЈ Че.
Во сабота манифестацијата започнува со настап на Детскиот фестивал Гроздоберче, по што следува традиционалната Таблијадата на малото паркче на која се пријавени 20 учесници, околу 40 Точакџии со градска рута ,меморијален турнир во чест на трагично загинатите сестри Китеви Елизабета и Антоанета во Спортскиот Центар Јасмин Кавадарци,а вечерта продолжуваме со настап на наш македонски бенд Артист бенд, потоа Игор Џамбазов и Гуру Харе, и за крај балканската звезда Харис Џиновиќ.
Во недела е предвидена изложба на ОлдТајмери (оваа година ќе има над 30 автомобили) на улицата Илинденска пред Стрит Бар. Од 18 часот започнува Карневалското дефиле од новиот центар до градски плоштад,на кое оваа година ќе земат учество карневалски групи од Радовиш,Прилеп, Струмица, потоа од Тиват,Едеса,Раковица,Шолта и многу други. Музичкиот дел на Градскиот плоштад започнува со нашата млада и популарна Антониа Гиговска, а завршува со настапот на човекот кој е повеќе од 30 години на музичката сцена на балканските и светските простори, поранешен фронтмен на групата Бјело Дугме, фантастичниот Горан Бреговиќ и неговиот оркестар.
Да напоменам дека истовремено додека трае целата манифестација, односно за сите три дена во градското подрачје, во Паркот на револуцијата ( малото паркче) се предвидени настапи со староградска музика на наши локални бендови и дегустација на храна, вино и ракија.
Со ова сметам ќе ги задоволиме сите вкусови како со музичките, така и со сите други содржини планирани за овој Тиквешки гроздобер.
И затоа би сакала да ја искористам можноста да ги поканам сите луѓе, од секаде, од секој крај на Македонија и надвор од неа.
Доколку сакаат да го почувствуваат вкусот на тиквешкото грозје и вино и производи од грозје, убавините на тиквешкиот крај и гостопримливоста на кавадарчани, овој викенд, патот да ги води единствено до Кавадарци, за заедно да испишеме уште една приказна под отворено небо.
Ви благодарам, и ве очекуваме!
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ