Во Винската куќа во Градскиот Парк, синоќа беше промовирана книгата „Роден крај„ на Марјан Ѓорчев -поранешен министер, амбасадор,градоначалник и носител на високи фунции во државата и ВМРО-ДПМНЕ.На промоцијата присуствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, митрополитот Повардарски г. Агатангел,лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,градоначалникот на Општината Митко Јанчев познати бинисмени,граѓани и други .
Инаку „Роден крај „ е поасвдетена на Кавадарци и Тиквешијата од каде потекнува Ѓорчев, од првата песна во која инспирација наоѓа од средбата со стариот човек од село Дабниште до заокружувањето на збирката поезија.
За неа синоќа говореа и стихови рецититраа; Валентина Божиновска, поетот Санде Стојчевски, а музичката придружба беше на Илина Ѓорчева.