Денеска во просториите на Општина Кавадарци, се одржаа работилници во рамкте на Проектот за обновливи извори на енергија спроведени на територија на Општина Кавадарци .На сесијата присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев кој приреди прием за учесниците .Овде беше проектниот тим на „Еко живот“ Кавадарци, клој е домаќин на втората обука и на која ги презентираше мерките и проектите за обновливи извори на енергија спроведени на територија на Општина Кавадарци, во рамки на обуката ,,Creating ideas for Unnecessary – Green Energy’’. Инаку обуката трае од 10-14 октомври во Кавадарци каде домаќин е Еко-живот и еден ден во Скопје (среда) каде домаќин ќе биде Општина Чаир, со вкупно 20 учесници од Македонија, Словачка,Турција и Романија.