„Почитувани граѓани,
Во време на најголемата здраствена криза, во време на најголемата економска криза кога економски најсилните и најмоќните држави клекнаа на колена, ДПМНЕ и Левица наместо да покажат конструктивност и државност, тие секој ден шират деконстуктивни политики и ги блокираат институциите.
ДПМНЕ наместо да расчисти со криминалните структури во своите редови, почнувајќи од највисоките раководни структури, тие преку законодавниот дом се обидуваат да ги блокираат сите мерки кои се од добробит на граѓаните.
Владата предводена од страна на СДСМ и во изминатите две години во најголемата здраствена криза која исто така ја погоди економијата, донесе цел сет на антикризни мерки со кои го одржа во живот стопанството, како и граѓаните.
Во време на КОРОНА кризата Владата предводена од СДСМ донесе ШЕСТ пакети мерки за справување со најголемата здраствена и економска криза и тоа:
- Првиот пакет: ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ – за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејност Вториот пакет: ДИРЕКТНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО – за иновативност и развој, за зачувување на постојните и за нови работни места
( првите два пакета во вредност од 200-250 милиони евра или 2% од БДП)
Третиот пакет: ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ – нови приходи од плодната македонска земја Четвртиот пакет: ДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА БЕЗ РАБОТА, ЗА СПОРТИСТИТЕ, ЗА УМЕТНИЦИТЕ И ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ Петтиот пакет: ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА И ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДОЛГОВИ
(160 милиони евра)
Шестиот пакет: антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра е наменет за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот
(Шестиот пакет на мерки, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани).
Владата предводена од СДСМ цели четири години од својот мандат посветено и напорно ги менаџира процесите во двете најголеми кризи кои го имаат зафатено светот: Здраствената и економско-енергетската криза.
Во интерес на граѓаните, за работите да бидат појасни во ова соопштение освен шестте пакети на антикризни мерки во време на КОВИД, повторно ќе ги повториме и пакетот на Антикризни мерки кој што го најави премиерот Димитар Ковачевски, а кој што е од добробит на најранливите категории на граѓани, тие се:
- Субвенционирање на 80% од струјата за 661.000 домаќинство и 72.000 мали потрошувачи, фирми кои вработуваат речиси 98% од работниците во Македонија;
- Над 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии согласно новата методологија;
- 6.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои земаат пензија во износ до 11.525 денари;
- 3.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат и пензионерите кои земаат пензија во износ од 11.526 денари до 14.000 денари;
- 3.000 денари еднократна помош се оделени за 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош;
- 3.000 денари месечно во наредни 4 месеци ќе се исплатат на речиси 42.000 лица од ранливи категории;
- Ги субвенционираме платите, се грижиме за работниците и најзагрозените во услови на една од најтешките економски и енергетски кризи;
- 365 основни и 109 средни училишта ќе бидат на регулиран пазар за струја, за да може образовниот процес да тече непречено;
- Болниците и мерните станици за водни пумпи ќе купуваат евтина струја од ЕСМ;
- Предвидени се повеќе евтини кредитни линии за стопанството за одржување на ликвидноста на компаниите;
- Обезбедени се средствата за поврат на ДДВ и пред законскиот рок од 30 дена за да има зголемена ликвидност;
- Обезбедени се средства за граѓаните корисници на „Мој ДДВ”;
- Предвидени се и субвенции во земјоделството за обезбедување храна, зголемување на приноси, стимулирање продуктивност, како и поголема конкурентност.
Владата предводена од СДСМ на чело со Димитар Ковачевски се грижи за граѓаните, а тоа го покажуваме на дело преку бројки.
Не е време на водење на деструктивни политики и ловење на ситни политички поени. Време е за сплотеност, заедништво, искреност, чесност. Само така ќе ја победиме оваа економско-енергетска криза која го има зафатено целиот свет.“- се наведува во реакцијата на СДСМ Кавадараци.