Според информации од Локалната самоуправа Кавадарци целосно е завршено детското игралиште на Булевар ,,Никола Минчев’’ .На истото беше поставена гумена подлога, монтирани се нови и репарирани стари детски реквизити, нова урбана опрема и заштитни огради.Изведувач на работите е Градежната оператива на „ Градба Промет“.