Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8009
    [QUERY_STRING] => id=8009
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 12933
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.15.225.177
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732490359.9185
    [REQUEST_TIME] => 1732490359
)
ИН МЕМОРИАМ- ПОЧИНА ПЕТРЕ КАМЧЕВСКИ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска , по кратко боледување,почина Петре Камчевски-роден 1952 година, еден од најголемите хроничари кои Кавадарци ги имал.Беше долгогодишен директор на Музеј Галеријата во Кавадарци а го паметиме и како одличен кошаркар на „КК Тиквеш„.

Камчевски е автор на неколку книги за минатото, а беше посветен на работата која самопрегорно ја работеше.Тој знаеше како да ги синтетизира и аналитички обработи историските факти, да ги среди и да ги објави.Така Кавадарци ја дозна или ја спозна својата историја за многу области, особено ва лозарствоито, винството,Тиквешкото востание, Првата и 2 Светска војна НОБ и Револуцијата .За да дојде до фактите и вистината лично одеше во Белград и Софија и други места и донесе или сними фактографски податоци за настани ,некои наши личности .Тој исто така работеше и на историјата и етногенеза на многу наши села.

За неговата работа може многу да се пишува.

Загубивме значаен хрононичар , човек посветен на семејството,а пред се човек кој добро си ја познаваше својата работа .

За него во неговата матична куќа , Музеј галеријата, ке напишат: „Роден е 1952 г. во Кавадарци. Завршува Гимназија “Јосип Броз Тито“ во Кавадарци во 1971 г. а Филозофски факултет, група историја во Скопје. Работеше од 1980 г. во Музеј - Галерија Кавадарци како кустос-советник историчар, а од 1986 – 1999 и од 2004 – 2018 година беше Директор на оваа институција. За време на својот работен век има објавено повеќе од 200 стручни и научни трудови, на симпозиуми, трибини и конгреси како во земјата така и во странство. Автор е на 30-ина историско – тематски изложби, фељтони во весниците: “Нова Македонија“, “Вечер“, “Кавадаречки весник“, “Тиквешки глас“ и др. Учествува во подготовка на неколку Зборника: - Тиквешијата во НОВ 1941-1945 година, Мариово и Меглен 2000 година, Тиквешкото востание во 1913 година во 1999 год., Зборник Музеологија и др.) Автор е на книгите: - Петар Христов Јуруков, тиквешки војвода и револуционер, Кавадарци, 1994. - Револуционерното движење во Тиквешијата до Балканските војни, Кавадарци, 1995. - Тиквешкото востание во 1913 година, Кавадарци, 1999. - Лазо Ридов Асијата, Кавадарци, 2000. - Кавадарци во делата на странските патописци, Кавадарци, 2001. - Револуционерните борби во Тиквешијата, коавторски труд, 2001. - Тодор Камчев Тиквешки војвода, 2002. - Никола Минчев-спомени и материјали, Кавадарци, 2002. - Монографија Кавадарци 1944-2004, Кавадарци 2004. - Селото Ресава низ историјата, Кавадарци, 2005. - Боите на Тиквешијата, коавторски труд, 2006. - Даскал Камче, Кавадарци, 2006. - Лозарството и винарството во Тиквешијата низ историјата, Кавадарци, 2007. - Селото Дреново низ вековите, Кавадарци, 2008. - Девет тиквешки великани, Кавадарци, 2009. - Занаетчиството во Кавадарци, Кавадарци, 2009. - Кавадаречки историски речник, Кавадарци, 2010. - Вистински приказни за вечни спомени, 2010 г.- коавтор. - Монографијата “Ваташа“, Кавадарци, 2013. - Тиквешкото востание во 1913 година, второ дополнето издание, Кавадарци, 2013. - Кавадарци во објективот на старите фотографи, коавтор со Јадран Манчев, 2014. - Цркви и манастири во кавадаречко, коавторски труд со Весна Ѓорѓиева, 2016. - Календар-роковник за 2010-2016 година година со настани и личности од овој крај. - 40 години Музејска дејност - Музеј – Галерија Кавадарци 1976-2016, коавторкси труд со Томе Крстевски, 2016. Петре Камчевски има изработено и неколку Спомен соби меѓу кои: - Спомен собата за Првата македонска дивизија и партизанска болница во Шешково, Спомен соба на партизанскиот одред “Добри Даскалов“ во с. Бојанчиште, Спомен витрини во гимназијата “Добри Даскалов“, ОУ “Страшо Пинџур. Еден е од авторите на концепцијата на Музејот на традиционалната тиквешка храна и вкусови што се реализира во зградата на новиот музеј кој е сместен во поранешниот Младински дом во Кавадарци. Автор е на Спомен собата на познатиот македонски етномузиколог, мелограф и фолклорист Васил Хаџи Манов, во новиот музеј во Кавадарци. Во 2014 година беше извршено реновирање и дополнување на Спомен куќата на Страшо Пинџур со нови фотографии и документи. Има реализирано повеќе од 30-сетина ТВ и радио емисии на националните телевизии, за личности и настани од нашата постара и понова историја. За време на својот работен век тој е носител на 15-сетина научно - истражувачки трудови, а како резултат на нив е збогатен фондот на архивски материјали и фотографии, како и сознанијата за одредени настани и личности од тиквешкиот крај. Има објавено десетина фељтони за личности и настани од овој крај кои се објавени во весниците “Нова Македонија“, “Вечер“, “Кавадаречки весник 7-ми Септември“, “Кавдаречки весник“, “Кавадаречка хроника“ итн. Има одржано 30-ина трибини и предавања за значајни личности и настани од овој крај. Има реализирано повеќе од 20 ТВ и радио емисии за поодделни настани од историското минато на Кавадарци. Автор е на текстот и концепцијата за ЦД изданието во 2012 година “Кавадарци во срцето те носиме“. За својата работа добитник е на 3 највисоки општински награди 7-ми Септември во 1982, 1985 и 2004 г. Наградата Најдобар музејски работник во Р. Македонија ја доби во 2011 година. Беше потпретседател на Друштвото на Музејски работници 1996-1998 година. Во четири мандати претседател на комисијата за доделување звања во областа на Музејската дејност при Министерството за култура на Р. Македонија. Во 2013 година како раководител на Музеј-Галеријата, институцијата го доби највисокото Општинско признание - Наградата 7-ми Септември.„ Сочувство до семејствто на Петре Камчевски. Вечна ти слава, Петре... 320371755_1527002511113497_474921160039971938_n