Општина Кавадарци преку службата Мој општинар започна со реализација на проектот за озеленување и подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот . Денеска се работи на подигање на првата зелена површина на „Северен булевар“, кај пам трак патеката .Акцијата ќе продолжи и во наредниот период!
Кавадарци годинава ќе озелени нови 10 илјади метри квадратни.На 1.500 квадратни метри површина, ќе бидат засадени трева, дрворед, нискостеблести грмушки и растенија.