Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци. Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци. По тој повод како благодарност од нивна страна градоначалникот Митко Јанчев доби уникатен подарок односно дрес со посвета: ,, Овој Тиквеш не би бил онаму каде што е да не сте вие, за се што направивте и правите, за ракометно Кавадарци, за спортско Кавадарци’’ Од срце ви благодариме г-дин Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци. Во оваа прилика тој им честиташе за досегашните успеси, и им посака многу среќа во иднина бидејќи се сериозен кандидат за излез во Европа, да продолжат да се редат успеси бидејќи Кавадарци е спортски град, а клубот заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига.