Денешната акција траеше од 9 до 15 часот а беа собрани 37 единици крв.
Општинската организација на Црвен крст од Кавадарци заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Кавадарци и Скопје денеска од 9 до 15 часот организираа крводарителска акција.Екипата е беше сместена во Големата сала на Собранието на Општината, која ја посетивме претпладнево, и можевме да забележиме дека стручните медицински лица и активистите на Црвениот крст направиле ‘се и ова акција да протече во беспрекорен ред.До 10 часот беа остварени 10-тина крводарувања, што е бројка која ветува .Вкупната бројка е опечкувана.До 15 часот беа собрани 37 единици крв.
Тоа што импресионира е подготвеноста на постојаните членови-повеќекратните крводарители, редовно да доаѓаат на ваквите акции и сосема нормално да ја обават својата хумана функција.Добро е што кон армијата редовни крводарители постојано им се приклучуваат млади, луге кои за прв пат дават крв.
Денешната акција беше наменета за широкото граѓанство.